Застрашувачки звучи потврдата дека во Македонија има генетски модифицирана храна. За жал сеуште немаме како држава сериозна дебата за тоа колкава е штетата по луѓето ако истата се конзумира.
Како што се најавува казни од пет илјади евра за увоз и пуштање во промет на Генетски модифицирана храна ќе добијат компаниите „Виталиа“, „КАМ“ и „Сопродекс“. Санкциите следат откако присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во Македонија, утврдила и супер анализата во референтна лабораторија во Европската Унија. Освен парични казни за увозниците и дистрибутерите, казна ќе треба да платат и одговорните лица во компаниите. „Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од супер анализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство“.
Од Србија се увезени соините шницли и трошки. Сојата е увезена од српската компанија “Сојапротеин” од Бечеј. Оваа храна ќе биде уништена. Иста судбина го чека и оризот кој што е произведен од генетски модифицирано семе.