Финансиската состојба и била лоша и не можела да даде многу, па затоа невестата ја изненадила со неочекуван гест. Еве што напиша таа:
– Минатиот викенд се мажеше мојата најдобра другарка , а јас и мојот сопруг однесовме плико со 20 евра во него. Бевме свесни дека е тоа малку, посебно зошто бев кума, ама навистина немав повеќе. Јас не работам а мојот сопруг заработува 250 евра месечно и едвај преживуваме. Најлошо беше кога ги собра ковертите, одлучи на микрофон да каже кој колку пари донел – напишала кумата.
Прв пат некој јавно да ги чита подароците и кој колку пари донел. Како ги отвoраше пликовите, кажуваше цифри од 100, 200 па и 500 евра, па кога дојде на ред нашето плико, сопругот и јас сакавме под маса да се скриеме од срам. Но кога го отвори, невестата рече дека од нејзината кума има 500 евра. Бев шокирана, јас и сопругот се погледнавме и ништо не ни беше јасно, а сите аплаудираа, јас не знаев како да се однесувам. После неколку минути, ми пријде невестата и ми рече дека сака да ми ги врати парите кои и ги дадов за свадба зошто знае дека не сум во најдобра ситуација, и дека на микрофон кажала дека има 500 евра поради лошите и зли луѓе, кои не очекуваат помалку од кумата. Заплакав од среќа, зошто имам таква добра другарка. Кога стигнав дома го отворив пликото и покрај моите 20 евра имаше уште 500 евра. Мојата најдобра пријателка (за која би сакала да го кажам и името, но не би било во ред) но кога ќе го прочита ова, таа ќе се пронајде.
Благодарам и знај дека сум горда што те имам како пријателка- раскажала кумата од Србија.