Потресни сцени од Газа: Семејствата се збогуваат со своите убиени деца

– Потресни снимки и фотографии пристигнуваат секојдневно од опколената палестинска енклава Газа. Во еден од израелските напади, кои беа извршени денес, повторно гледаме деца како жртви на израелските напади.Семејствата се збогуваат со своите малечки и роднини во баптистичката болница „Ал-Ахли“.Најмалку 35.272 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година. Меѓу убиените има најмалку 14.944 деца и 9.849 жени.Израел, кој е обвинет за геноцид, спроведува и блокада на Појасот Газа и не дозволува влез на хуманитарната помош што ги одржува во живот 2,3 милиони Палестинци таму.Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи: