На социјалните мрежи се појави уште едно вознемирувачко видео од областа Кахраманмараш покраина во централна Турција. Административен центар на вилаетот е истоимениот град Кахраманмараш, а покраината има 1 034 727 жители и површина од 14 327 км2.
По првиот силен земјотрес, Турција доживеа нов потрес – размерите на катастрофата на турско-сириската граница е тешко да се измерат, бројот на жртви расте, стигнува помош од странство.
Во катастрофалните земјотреси на турско-сириската граница загинаа најмалку 1500 луѓе, а илјадници се повредени.Земјотрес со сила од 7,7 степени ја потресе југоисточна Турција во раните утрински часови, а денеска напладне следуваше уште еден, со јачина од 7,5 степени. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска претпладне регистрирани се најмалку 912 жртви, повеќе од 5300 луѓе доживеале повреди.
Во Сирија исто така се качува бројот на мртви во земјотресот – на 590 според последните информации и 1600 повредени, како што соопштија заменикот министер за здравство Ахмед Џамиријех и хуманитарната организација САМС, активна во областа контролирана од бунтовниците во земјата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.