Еден професор на факултет ги прашал студентите:
“Што мислите, дали Господ создал се што постои на Земјата?”
Студентите во еден глас одговориле потврдно.
“Баш се?”, прашал професорот.
“Се”, бил одговорот на студентите.
“Во тој случај, Господ го создал и злото, зарем не? Бидејќи сите знаеме дека постои и злото”, рекол професорот.
Студентите збунето молчеле, а професорот бил воодушевен што успеал да докаже дека верата во Господ е нереална и е мит.
Одеднаш, еден студент кренал рака и прашал:
“Смеам ли јас да ве прашам нешто професоре?”
“Се разбира”, одговорил професорот.
“Дали постои студенило?”
“Секако, колега”
“Всушност, професоре, студенилото не постои. Според физиката, студенилото е отсуство на топлината. Може само да се гледа дали некој објект има и дали ја пренесува својата топлина на другите објекти. Значи, студенилото не постои. Ние сме го создале терминот ладно, за да го објасниме отсуството на топлината.
“A мракот?”, продолжил студентот.
“Немој само да ми речете дека не постои мрак. Сите знаеме дека постои.”, рекол професорот.
“Повторно грешите, господине. Темнината е целосно отсуство на светлоста. Можеме да ја проучуваме светлината и осветлените објекти, но не и мракот. Николсовата призма покажува многу различни бои на кои светлоста се разложува во зависност од брановата должина. Мракот е термин кој ние сме го создале за да го објасниме отсуството на светлоста.
И конечно, студентот прашал:”A злото, професоре, дали постои злото?”
Професорот молчел.
Студентот продолжил: “Господ не го создал злото, зошто злото е термин што ние сме го создале за да го покажеме отсуството на Господ во човековото срце. Тоа е отсуство на љубов, човечност и вера. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Тие постојат. А нивното отсуство доведува до зло.
Професорот ја навалил главата.
“Вашето име колега?”, прашал после извесно време.
“Алберт Ајнштајн, професоре”
Еден професор на факултет ги прашал студентите:
“Што мислите, дали Господ создал