Почина адвокатот Игнат Панчевски

По кусо и тешко боледување денес почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69), објави порталот “Независен“. Тој беше едно од најпознатите имиња во македонскиот адвокатски круг.
Изминатите години Панчевски тврдеше дека поседува докази дека поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и дека воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во нашата земја.
Во 2013 година во населбата Бутел тој со еден куршум беше застрелан во левата потколеница.
Панчевски се обидуваше да ја расветли и измамата во ТАТ, а пресмета и дека преку криминал од Македонија биле извлечени повеќе од пет милијарди евра.
Посмртните останки на Игнат Панчевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел во вторник 12 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.