Почина боксерот Маријан Бенеш

Утрово во болница во Бања Лука на 67-годишна возраст почина еден од најдобрите европски боксери на сите времиња Маријан Бенеш, кој последните неколку месеци од својот живот ги помина во дом за стари лица.
Во својата долгогодишна боксерска кариера тој имаше 299 натпревари од кои во 272 извојува победа, загуби 16, а 11 ги заврши со нерешен резултат.
Во Босна и Херцеговина и поранешна Југославија беше неприкосновен, а стана и шампион на Европа, титула која ја бранеш вкупно 4 пати, па сам по себе се наметнува заклучокот дека боксот беше негов живот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.