Спортско Кочани вечерва жали. Коце Ефремов почина.
Спортско Кочани изгуби уште еден спортист, кој беше еден од најголемите амбасадори на „градот на оризот“.
Учеството на Олимписките игри, Светските и Европските првенства, Медитеранските игри, Балканските и државните првенства со право му ја даваат титулата „Спортски амбасадор на Кочани“
Неговиот лик и безброј освоените медали кои се мерат во килограми ќе останат како вечен спомен да не потсетуваат на него.
Погребот е закажан за утре (Понеделник) во 14:00 часот на Градските гробишта во Кочани.
Нека почива во мир!