Двајца мажи искасани од оси биле донесени вчера во велешката болница. Едниот имал околу 30, а другиот околу 60 години.
Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома, велат од болницата.
Од Брзата помош во Велес рекоа дека 60 годишниот маж целиот искасан од оси во коматозна состојба со брза помош бил однесен во Велешката болница. Тој бил искасан по лицето, рацете и по телото. Од Брзата помош велат дека очигледно било дека лицето е алергично на оси.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.