Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски

Утрово ненадејно на 48-годишна возраст почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски. Неофицијално, тој немал никакви здравстени проблеми, а причина за смртта е срцев удар.
Проф. д-р Јован Стојаноски е роден  на 07.08.1970 година во Охрид. Тој е долгогодишен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013 – 2017. Во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Беше оженет и татко на две деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.