Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан од страна на лица блиски до лидерот на „Алијанса за Албанците“ Зијадин Села, почина откако неговите повреди не беа соодветно лекувани затоа што истиот е осуденик за настаните од 27 април.
Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан од лица блиски до Зијадин Села како одмазда за недокажаниот напад на 27 април 2017. година, почина како резултат на несоодветно лекуваните трауми нанаесени при нападот.
Неговата сестра, Вера Митевска, лани го повика министерот Венко Филипче да се засрами од постапките на неговото министерство и докторите кои го игнорирале Павлески, кој имаше отворени рани на главата.
Телото на Павлески, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството, потенцира Митевска.
Во самото писмо Митевска наведува – „ Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозиран. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик( така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат! Кога има медицинска визита, нас домашните, нѐ бркаат од собата. Сите дијагнози и документи се чуваат под клуч, кај Началникот! Докторот, кој што ја изврши операцијата на носот, предложи пациентот да биде префрлен на друго одделение, но препораката беше неуспешна, заради НАРЕДБИТЕ од неговите претпоставени, Директорот, началникот или кој знае кој, кои имаат за цел , брат ми да биде умрен, свирепо, на тенане.“ – напиша лани Вера Митевска.