Нил Нанда, познатиот комичар, почина на 32-годишна возраст, а тажната вест ја објавија бројни клубови каде што настапуваше, меѓу кои „The Comedy Chateau“ и „The Port Comedy Club“.
Деталите за неговата смрт сè уште не се познати, а се шпекулира дека извршил самоубиство. Нанда почина вчера, 23 декември, а семејството сè уште не ја објави неговата смрт.
RIP Neel Nanda 😔 you were one of the nicest, hardest working comedians I’ve ever called a friend and i hope you can be at peace brother ❤️🩹— Matt Rife (@mattrife) December 23, 2023
Од него се простија многу колеги.
– RIP, Нил Нанда. Беше еден од најдобрите и најпосветените комичари кој ни беше и голем пријател – напиша познатиот комичар Мет Рајф, кој се прости од него на социјалната мрежа Твитер.
Кариерата ја започна во родниот град Атланта, а потоа се пресели во Јужна Калифорнија, по што успесите продолжија. Работел за „Viceland’ Flophouse“ и за Hulu.
Неговите родители се по потекло од Индија, тие емигрирале во Америка, а нивниот брак бил договорен. Од раното детство, тој беше многу љубител на комедијата. Масите ги сакаа неговите шеги, а неговите колеги сакаа да бидат во негово друштво.
Неговото шоу „Непотребно зло“ беше прогласено од „LA Weekly“ за еден од најдобрите стенд-ап. Покрај неговите колеги, на социјалните мрежи од Нанда се простија и многу пријатели, особено оние од детството, кои споделија убави спомени со него.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.