Истакнатиот босански писател Абдулах Сидран почина во саботата во Сараево на 80-годишна возраст по тешко боледување, објавија локалните медиуми.
Покрај неговата литературна работа, Сидран е познат и како сценарист на некои култни филмови како „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ и „Татко на службен пат“…
Неговиот писателски опус, започнат во 60-тите години на минатиот век, го одбележаа делата „Откуп на сирова кожа“ и стихозбирките „Морија“, „Сараевска збирка“, „Сараевски табут“, „Солзите на мајките на Сребреница“, „Планета Сараево“, „Зошто тоне Венеција“.
Сидран беше редовен член на Академијата на науките и уметностите на БиХ и доби голем број домашни и меѓународни награди за своето книжевно творештво, меѓу кои и „Наградата за слобода“ на ПЕН центарот на Франција.