Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст, објави Ватикан. Во претходните денови неговото здравје драстично се влоши, а веста за неговата смрт беше објавена во саботата наутро.
Папата Бенедикт XVI, роден во 1927 година во германскиот град Марктл во Баварија како Јозеф Алоис Рацингер, беше најстариот кардинал назначен за папа од Климент XII, кој беше избран во 1730 година. Неговиот понтификат траеше од април 2005 година до февруари 2013 година, кога го шокираше светот со повлекувањето. Како причина за неговото пензионирање ја наведе лошата здравствена состојба и тврдеше дека е премногу стар за да продолжи да служи на 85 години. Тој беше првиот папа што се пензионираше.
Тој живееше во Ватикан речиси една деценија и тоа беше прв пат во историјата двајца папи да живеат во релативно близина еден до друг. Никогаш не сме имале ситуација еден папа да закопа друг, рече католичкиот историчар Џок МекГриви. Таква ситуација не се случила ниту во средниот век.