Почина Слободан Угриновски

Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски синоќа ненадејно починал. Веста на својот „Фејсбук“ профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.
Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005. година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.
Погребот на Угриновски ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 13:30 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.