Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов кажа дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време.
Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.
Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, подоцна е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.