Починат скопјанец пронајден пред станбена зграда на Бит Пазар

Завчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат 66-годишниот И.Ф. од Скопје, извести МВР.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.