Почна црното сценарио: Прв пациент болен и од корона и од свински грип

Црното сценарио од кое стравуваа епидемиолозите и лекарите почна да се реализира – регистриран е првиот случај на заболен од COVID-19 кој исто така има свински грип.
Педесет и четиригодишна жена од Мексико е првиот пациент кој истовремено е заразен и со COVID-19 и со грип А (H1N1), објавија синоќа мексиканските власти.
Таа има автоимуни заболувања, боледувала од рак, има прекумерна тежина и хронично заболување на белите дробови, рече Хозе Луис Аломиа, директор на одделот за епидемиологија во Министерството за здравство, на редовната прес-конференција.
Пациентката развила симптоми на крајот на септември, поради што била хоспитализирана во Националниот институт за исхрана. Лекарите проценуваат дека нејзината состојба е стабилна.
Мексико е четврта најпогодена земја во светот со коронавирус. Според последните официјални податоци, во земјата има 83.781 смртни случаи и околу 817.503 заразени.
Што е H1N1?

Грипот (или инфлуенца) — заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот често погрешно се дијагностицира како други болести кои се слични на грипот, особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест што ја предизвикува друг тип на вирус.
Во април 2009 година, се разви нов вирус на грип со комбинирани гени од човек, свиња и од птичји грип, кој најпрво беше наречен „свински грип“ или грип А/ H1N1. Се појави во САД – Мексико и во некои други земји.
Свинскиот грип се однесува на грип предизвикан од страна на вирусите од фамилијата Orthomyxoviridae, кој е распространет во популациите од свињи. Свинскиот грип припаѓа на родот на микровируси, најчесто од серотипот А, поттип H1N1. Кај свињите се среќаваат и поттиповите H1N2, H3N1, H3N2.
Симптоми
Основните симптоми се совпаѓаат со типичните симптоми за еден грип, како:
Главоболка
Болка во мускулите
Зголемена температура
Кашлица
Повраќање
Дијареа
Распространување
Вирусот се пренесува со непосреден контакт со заразени организми, а и по воздушен пат. При подолга термичка обработка вирусот изумира.
Лекувањето на повеќето поттипови на свински грип се изведува со помош на лековите амантадин, занамивир, оселтамивир и римантадин.
Мутираниот „мексикански“ поттип H1N1 е отпорен на повеќето од горните противвирусни средства. До овој момент не постојат лекарства против овој поттип.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.