СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 08.05.2020, во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот, и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.