Претседателот на Владата веќе имаше изјава во делот на Законот за правична застапеност, за кој ќе се разбора во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата за тоа што ќе биде опфатено во истиот. Ќе ги опфаќа и поголем круг на маргинализирани групи. Во моментов нема решение до Владата и за истото јавноста ќе биде информирана штом се создаде можност, изјави новата портпаролката на Владата, Марија Митева околу најавите за новиот Закон за правична застапеност.
Митева е децидна дека „балансерот“ ја заврши својата употребна вредност.
-Целиме кон затворање на прашања кои се покажале како непродуктивни. Треба да се заземе прво став во рамките на коалицијата. Отворено е прашањето, рече портпаролката на Владата запрашана кога решението ќе се најде на владина седница.
Укинувањето на балансерот е прашање кое подолг период покренува дебати во јавноста. Без разлика што дел од политичките актери излегоа со коментари дека е симтоматично што отворањето на ова прашање од Уставен доаѓа на почетокот на мандатот на новата Влада и фрлаа сомнежи дека е политички инсинуирано, сите политичките партии се согласни дека балансерот веќе е надминат однос дал резултати во првите години, но подоцна почнал да се злоупотребува.