Прв Велигден без саканиот: Ана Бекута со емотивна објава ги разнежни фановите

Пејачката Ана Бекута го загуби партнерот Милутин Мркоњиќ Мрка, а дека се уште живее во болка покажа на социјалните мрежи.
Бекута објави фотографија со внуците и Милутин од минатата година кога заедно го прославија најсреќниот празник Велигден.


Пораката која Ана ја напиша на Инстаграм ги растажи сите кои ја “следат“.
“Милутин како дете со нетрпение чекаше да вапсува јајца. Токму тоа ви посакувам – детска среќа овој Велигден. Христос Воскресе”, напиша таа, а многу колеги ја коментираа емотивната објава.
Да потсетиме, политичарот Милутин Мркоњиќ почина на 80-годишна возраст на 27 ноември 2021 година од тешко болест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.