Прв секс со нов дечко?

После прекин на врската, акцијата во кревет може да заврши на два начини – како забава која ќе ве врати во игра или трауматично искуство кои ќе ве натера на каење. 
Секс со нов дечко по долга врска може да биде стресен, застрашувачки: притисокот е висок, емоциите се на ниско ниво, а сексот може да заврши како пијано искуство со момче кое воопшто не било во можност да го најде вашиот клиторис. Но, не мора да го направите тоа. Идеално би било, тој секс да биде пријатно, задоволувачко искуство по што ќе се чувствувате оптимистични во врска со иднината на вашиот љубовен и сексуален живот. За среќа, постигнувањето на оваа цел не бара посетување на терапевт – само следете ги овие три правила.
 
Правило 1
Да се утврди вашата цел
За жал, не постои показател со кој ќе заклучите дека сте закрепнале и дека е време да имате секс со друго момче. Можеби никогаш со сигурност нема да знаете дека сте подготвени за таков чекор, но мора да бидете сигурни дека: вашите очекувања се реални. Бидете јасни во врска со она што го сакате со него, и пред се бидете искрени кон самите себе, знајте што може да добиете од сексот, а што да изгубите. Ако секс со нов дечко ви е решение – или начин да се замени поранешниот, да се здобиете со доверба, или да ја пополните празнината од прекинот на врската – резултатите можат да бидат разочарувачки. Сексот не се случува со цел да ви ја пополни празнината што вие ја чувствувате, и не можете да знаете како трето лице ќе реагира на ова, во случајов, вашиот бивши дечко. Затоа, една и единствена цел имајте на ум – забавувајте се и не жалете за тоа. Ако се одлучите на секс, подготвени сте за второто правило.
Правило 2
Одберете несебичен тип
За прв секс по прекинот на врската, девојките обично избираат пријатели, а често и бивши партнери – и во двата случаи се постигнува доза на интимност која е особено важна за девојките. Но запомнете: ако немате специфичен однос и взаемна доверба, сексот нема да помине без непријатности. Исклучоци се случаи на сексуални односи со пријател со кој претходно сте биле интимни и отворени и со кого наредното утро ќе бидете во можност да разговарате и да се смеете за сè што сте направиле претходната вечер. Ако односот е покомплициран, откажете се – инаку ќе се разбудите со  мислата дека подобро би било никогаш да не сте се сретнале.
Подобра идеја: да го проширите својот социјален круг додека не најдете некој кој во потполност ви одговара, активирајте се на социјалните мрежи, испратете е-маил до еден од екс-колегите, поканете го на пијачка и проверете дали одговара на критериумите кои сте си ги поставиле. Вие сте во потрага по момци со голема сексуална енергија, но потребно е да се обрне внимание. Дали се чувствувате среќно и безбедно во сопствената кожа? Додека флертуваат со него, внимавајте на малите знаци, на пример, случајно ја ставил неговата рака на вашето рамо или го менува неговото место поради вас? Овие можат да бидат знаци на усогласеност на вашите желби. ”
Секако, многу момци ќе ви изгледаат интересни на прв поглед, но важно е да најдете некој кој е чувствителен на вашите потреби. Мали гестови како нудење подобро место во кафуле, прашањето дали ви е ладно, кога некој отвора вратата – се сите знаци дека тој е во состојба да се грижи за вашите задоволство кога ќе го добиете во кревет.
Правило 3
Приоритет е вашето задоволство
Кога конечно ќе се одлучите за крајниот потег – да имате секс, не грижете се за неговото задоволство. Фокусирајте се на своето, и нека ви биде играчка за забава. Заборавете на се што знаете за сексот и сте го практикувале со вашиот поранешен дечко. Дозволете си да истражувате нови работи, направете се што сакате а не сте се осмелиле, биде нова личност во кревет.
Може да ви биде возбудливо да бидете шефица во кревет или да имате секс на подот во кујната, исто како што направија Џејк Гиленхал и Ен Хатавеј во “Љубов и други дроги.” Не се срамете од она што го сакате.
Дури и додека сте напалени и со  облека на вас, дајте му на знаење што би можело да ви се случи кога ке се соблечете. Ако се согласува да игра по ваши правила, дајте му шанса, но во вашиот дом – ќе се чувствувате многу посигурно ако играте на познат терен. И ова е најдобриот старт на добар, ослободувачки секс.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.После прекин на врската, акцијата во кревет може да заврши на два начини – како забава која ќе ве врати во игра или тр

Пронајдете не на следниве мрежи: