ПРВ ЦРН БИЛАНС: Има ЖРТВИ во новите земјотреси во Турција, повредени над 200 лица

Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 5,8 степени, а потоа уште два земјотреси со јачина од 5,2 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.