Прва жртва на пожарите! Драма во светиниколско – Со полиција се евакуираат жители на Немањици

Три села се зафатени од пожарите во Светиниколско, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Младев. На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици.

Прва жртва на пожарите:

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што информираа претходно од ЦУК, дел од жителите на селото не сакале да бидат евакуирани и да ги напуштат куќите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.