Прва жртва од „глувчја треска“ во Албанија

Во Албанија регистриран е прв смртен случај како последица на болеста „глувчја треска“.
Според Началникот на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо станува збор за 32-годишен жител на Ерсек.
-Во нашата клиника годинава се хоспитализирани две лица заболени од ХВБС, односно „глувчја треска“. За жал еден од нив не успеа да ја победи болеста, потврди Чомо за тиранската телевизија Ора њуз.
Таа апелира на внимателност и правилно лекување и додава дека оваа вирусно-инфективна болест, ја предизвикува ханта вирус, а епидемијата се јавува циклично, а се пренесува преку воздух во кој испаруваат течностите на глодарите.


Затоа, посочува, ваква опасност ги демне само оние кои престојуваат во природа, како шумските работници, земјоделците, планинарите, но и оние кои ги чистат подрумите во кои има глодари.
-Симптомите од оваа болест се висока температура, црвенило на очите, главоболка,болки во мускулите, а понекогаш мачнина и повраќање. Кај потешките случаи може да се јави крварење на кожата и слузницата, но и напад на бубрези,објаснува Чомо и апелира до граѓаните да не го занемаруваат ни еден од овие симптоми.
Советува најголемо внимание да се обрне на хигиена на рацете по престој во природа, да не се јадат плодови од шума кои не се измиени.
Во Албанија за првпат „глувчја треска“ е регистрирана 1984 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.