Прва земја во Европа која ќе дозволи влез за невакцинирани патници

Бројот на регистрирани случаи е речиси едноцифрен, и на вакцинираните лица, како и на оние кои закрепнале од коронавирусот повторно им е дозволен влез во Исланд, без никакво ограничување.
Единствено што им е потребно на патниците е доказ дека се вакцинирани или дека ја прележале болеста, пренесува „TU“ магазинот.


Меѓутоа, се очекува од 1-ви мај мерките да бидат значително поблаги, и дека и невакцинираните патници кои доаѓаат од земји или региони со поволна епидемиолошка состојба ќе можат да влезат во земјата без никакви ограничувања.Исланд е најдобар пример како треба да се спроведуваат мерки за борба против пандемијата на Ковид-19. Тоа е држава во која има најмалку заразени од сите останати европски земји, но исто така има и многу помалку жители. На Исланд живеат повеќе од 350.000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.