Еден од најмоќните и најбогатите луѓе во соседството, директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ не само што има милиони, туку има направено и еден куп ѕвезди. Но признал и дека еднаш утнал во кариерата. Ѕвездата во која верувал и вложил многу не станала она што тој мислел дека може. А рекол оти бил убеден оти ја има наследничката на Цеца.
„Најмногу очекувавме од Тања Савиќ. Таа е вонсериска пејачка. Убава, прекрасна млада девојка која се појави на 18 години. Сигурно можеше да ја наследи Цеца и имаше вистински хитови на почетокот на кариерата. И биравме песни и ја водевме кариерата, но заради сплет на околности едноставно ја нема. Мислам тука е таа, но не е тоа онаа Тања за која мислевме дека ќе биде врвна ѕвезда“, рекол Поповиќ.