Претседателот на италијанскиот калчолигаш Сампдорија, Марко Лана најави дека ќе се обиде да направи традиционален турнир на кој ќе играат уште Јувентус, Челси и Кремонезе во чест на трагично починатиот Џанлука Вијали, кој денеска ја загуби битката со ракот на панкреасот.
Вијали играше за овие четири клуба, Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси и според Лана, ќе се обиде да направи хуманитарен турнир кој ќе се игра традиционално, а сите приходи ќе бидат дадени во хуманитарни цели.
„Сакам турнир со Сампдорија, Челси, Јувентус и Кремонезе, во чест на Вијали и сите приходи ќе одат во хуманитарни цели. Ќе направам сѐ за да направиме таков традиционален турнир во негова чест и ако успееме ќе биде нешто неверојатно. За други иницијативи во Џенова допрва ќе видиме за да го зачуваме споменот на еден голем човек“, рече Лана.