Познатиот интернет портал „Lawnstarter“ го прогласи Мајами за најгламурозен град во Америка.
„Lawnstarter“ испитувал 50 најголеми американски градови преку 20 клучни „гламурозни“ фактори, вклучувајќи луксузни продавници за накит и козметика, ресторани со Мишелин ѕвездички, хотели со 5 ѕвездички, настани како „Недела на модата“ и богатство на секое домаќинство, пренесува „Miami Herald“.
View this post on Instagram
„Сончевиот Мајами доминира на листата на најгламурозни градови со повеќе коктел барови, салони и ноќни клубови на 100.000 жители отколку на било кое друго место во САД, но она во кое Мајами навистина блеска се категориите убавина, мода и шопинг“.
View this post on Instagram
Мајами го зазеде првото место во неверојатни 4 категории поврзани со шопинг: луксузни продавници, продавници за накит, часовници и парфеми. Во Америка нема подобро место за добра забава и трошење од овој град.
View this post on Instagram
Останатите 5 гламурозни градови во САД, според студијата, се Њујорк, Сан Франциско, Лас Вегас и Атланта. Тампа го зазела 8-то место, а Џексонвил е на 43-то место што е чудно бидејќи, како што велат, никој од Мајами не може воопшто не да ги разликува.
Најмалку гламурозен град е Корпус Кристи (Тексас), а потоа следат Ел Пасо (Тексас), Бејкерсфилд (Калифорнија), Вичита (Канзас) и Фресно (Калифорнија), пополнувајќи ги последните 5 места на листата.