Талентираните млади музичари од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, ученици во деветто одделение, Теодор Смиљков и Леон Јанковски, од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски, денеска освоија прва награда на 11. Меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци.
Учесниците на натпреварот го покажаа својот талент, знаења и умешност во повеќе дисципини: пијано-четирирачно, состави со и без пијано, како и традицициони состави. Многу сум горда на високите резултати постигнати на моите ученици. Уште еднаш се докажа дека љубовта кон музиката, напорната работа и талентот неминовно водат кон успех. Им упатувам искрени честитки за освоената прва награда и им посакувам многу успеси во иднина, изјави проф. Лариса Жулина-Митовски, наставник-ментор во ООУ „Јоаким Крчовски“.
Младите пијанисти од Крива Паланка беа најуспешни во силна конкуренција од повеќе од 200 учесници од Република Северна Македонија, Република Хрватска и Република Бугарија.
– Учесниците на натпреварот го покажаа својот талент, знаења и умешност во повеќе дисципини: пијано-четирирачно, состави со и без пијано, како и традицициони состави. Многу сум горда на високите резултати постигнати на моите ученици. Уште еднаш се докажа дека љубовта кон музиката, напорната работа и талентот неминовно водат кон успех. Им упатувам искрени честитки за освоената прва награда и им посакувам многу успеси во иднина, изјави проф. Лариса Жулина-Митовски, наставник-ментор во ООУ „Јоаким Крчовски“.
Покровители на фестивалот се градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и Советот на општината Кавадарци, а е поддржан од Министерството за култура, во согласност со Министерството за образование и наука.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка се одржа третото издание на „Ден на пијаното“ со два концерти на пијанистите од ООУ „Јоаким Крчовски“.
– Концертот во детската градинка го следеа около 120 дечиња. На концертите младите таленти ја импресираа публиката со изведба на камерна музика за четирирачно и осумрачно пијано. Камерната музика е прекрасна и има потреба од повеќе внимание од публиката. Изведбата на четирирачно и осумрачно пијано е особено впечатлива, бидејќи овозможува интересна взаемна духовна активност меѓу изведувачите. Концертите беа поддржани од Europe House, Крива Паланка, информира Жулина-Митовски.
Ден на пијаното е светски настан посветен на овој инструмент.
Бидејќи клавирот, по правило, има 88 клавиши, настанот се случува токму на 88-от ден од годината. Овој ден е настан за промоција на млади пијанисти, нови инструменти и боја на поновите и современи и класични композитори.
Настанот е инициран од германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам.