Првото caffè sospeso во Македонија

 Осигурителната компанија „Евроинс осигурување“, во соработка со „Il caffe di Roma“ го нарачаа првото caffè sospeso во Македонија, а целта на овој мини настан беше да во присуство и со помош на медиумите се промовира и рашири оваа древна италијанска традиција на нарачка на таканаречно „caffè sospeso“ како знак на доброто расположение или добра војла.„За презентирање на оваа иницијатива го одбравме токму Il caffe di Roma, бидејќи овде може да се вкуси едно од најубавите италијански кафиња во Скопје. Додека уживаме во чинот на пиење убаво кафе несекогаш помислуваме дали постои некој кој не може да си го дозволи истото. Можеби некојпат дел од нас почувствувале и грижа на совест. Од денеска сум уверена дека со нарачка на  caffè sospeso моето кафе можеби ќе треба да го платам поскапо но во него ќе уживам двојно  повеќе“, рече Виолета Поп-Василева, извршен директор на Евроинс.„На овој начин како компанија го даваме нашиот скромен придонес и се надеваме за брзо проширување на оваа италијанска традиција насекаде низ Македонија. Во дел од соседните земји истото се практикува не само при купување на кафе туку и во случаите при набавка на леб, млеко,… Идејата да се даде и помогне на оној кој има помалку ќе се прифати од сите и во тоа воопшто не се сомневам“, вели Јанко Николов, извршен директор на Евроинс.“Сопственикот на „Il caffe di Roma“, Стефан Стојановски рече од смета дека ова е одлична и благородна идеја и „веднаш ја прифативме и воведовме во нашето кафуле“. „Се надеваме дека со овој чин ќе се даде сигнал и до останатите субјекти во државата да се вклучат кон оваа иницијатива и да придонесат за што поголема масовност“, рече Стојановски.
Макфакс Осигурителната компанија „Евроинс осигурување“, во соработка со „Il caffe di Roma“ го на

Пронајдете не на следниве мрежи: