Актуелните НБА шампиони Денвер Нагетс се поразени од Лос Анџелес Клиперс со 102:100. Новиот „трипл дабл“, 24-ти сезонава, на Никола Јокиќ кој постигна 36 коша, 17 скокови и 10 асистенции не беше доволен за Денвер да извојува важна победа во борбата за првото место на Западот.
Лоша шутерска вечер имаше Мајкл Портер Џуниор кој погоди само две „тројки“ од 10 обиди, а придонесот од клупата на Денвер беше многу скромен и тие постигнаа само 9 коша на целиот натпревар. Клучен за исходот на натпреварот беше придонесот од резревните играчи. Резервите на Клиперс во првото полувреме ги надиграа оние на Нагетс 21:0.
Тоа беше судир на врвот на табелата во Западната конференција, Денвер е втор (53-24), а Клиперс се четврти (48-28).
Гостите подобро влегоа во мечот, водеа со 5:0, 16:4, па 25:8, а на крајот првиот дел го добија со 11 поени. Клиперси проработеа во вториот дел и големата негатива ја претворија во водство од 53:49 до крајот на полувремето. Во третата четвртина имаа +13 (70:57), а водеа и цела последна четвртина, но Денвер дојде на 1,46 минути пред крајот на (98:97).
Во самата завршница клучните кошеви за Клиперс ги постигна Ивица Зубац, кој упати два шута на 1,27 минути пред крајот и уште два на минута пред крајот за 102:97. Јокиќ со „тројка“ намали на 102:100, а во последните 56 секунди немаше повеќе кошеви. Клиперс промашија два шута, исто како и Денвер. Гостите ги имаа последните пет секунди за победа, но најдобриот играч Никола Јокиќ промаши за „тројка“.
Најефикасен играч на Клиперс беше Пол Џорџ со 28 поени, додека Џејмс Харден додаде 20 поени, шест скока и осум асистенции. Така Харден се приклучи на друштвото на Оскар Робертсон, Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, единствените играчи во историјата на НБА со најмалку 25.000 поени, 7.000 асистенции и 6.000 скока.
Кај актуелните шампиони, Јокиќ повторно беше најдобар со 36 поени, 17 скока и 10 асистенции за 24-ти трипл-дабл сезонава. Арон Гордон додаде 18 поени, шест скока и седум асистенции.
Успешни беа и Њујорк Никс кои ги совладаа Сакраменто Кингс со 120:109 и го задржаа петтото место на Истокот со скор 45-31.
По првата четвртина „Кралевите“ водеа со дури 15 поени разлика (35:20), на отворањето на втората имаа големи + 21 (46:25), но на полувреме заминаа со 60:52. Домашните успеаја да израмнат во третата четвртина, а потоа во последниот дел „побегнаа“ на 16 поени (119:103). На крајот заврши со +11.
„Почнавме бавно, но на крајот се разбудивме и победивме“, изјави Џејлен Брунсон, првото име на победничката екипа со 35 поени и 11 асистенции. Џош Харт додаде 31 поен, девет скока и осум асистенции, додека Донте ДиВинченцо постигна 21 поен.
Де’Арон Фокс постигна 29 поени, седум скока и седум асистенции за кралевите, кои пропуштија шанса да се изедначат со Њу Орлеанс и Феникс на шестото место на Западот. Киган Мареј постигна 18 поени, а Домантас Сабонис заврши со 17 поени, 11 скока и седум асистенции.
Голден Стејт Вориорс ги победија Хјустон Рокетс со 133:110 на гости, зголемувајќи ја победничката серија на шест натпревари.
Вориорс, кои се на 10-то место во Западната конференција, водеа во текот на целиот натпревар. На полувреме имаа +15 (65-50), во третата четвртина и 20 разлика (89-69), а на крајот славеа со +23.
„Знаеме дека можеме да бидеме ефикасни против повеќето тимови, но вечерва одбраната беше клучна“, изјави Стеф Кари, кој постигна 29 поени со шест скока и шест асистенции. Клеј Томпсон исто така постигна 29 поени, додека „дебитантот“ Трејс Џексон-Дејвис постигна рекордни 20 поени во кариерата. На спротивната страна Џабари Смит Џуниор. постигна 24 поени, а Кам Витмор додаде 17 поени.
На десет дена до крајот на регуларната сезона во НБА лигата Далас ги зголеми шансите за директно учество во плеј-офот со победата извојувана над Атланта Хокс.
Далас беше предводен од Лука Дончиќ со 25 коша, 12 скокови и 8 асистенции а Ирвинг даде 26 коша и убедливо го победија тимот на Атланта кој игра без првата ѕвезда на тимот Треј Јанг. Кај Атланта најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 17 поени.
На шест натпревари до крајот Далас е на петтата позиција со една победа повеќе од шестопласираниот Феникс и седмопласираниот Њу Орлеанс и ако ја задржи оваа позиција во првото коло од плеј офот ќе игра против ЛА Клиперс.