Пред Ајфеловата кула оставени ковчези со натпис – „Француски војници од Украина“ Уапсени Бугарин, Украинец и Германец (ВИДЕО)

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“.Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс.Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите.Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија.
🔴 5 cercueils recouverts d’un drapeau français avec la mention “soldats français de l’Ukraine” ont été découverts hier devant la Tour Eiffel ⤵️ pic.twitter.com/KtwwILdKlq— LCI (@LCI) June 2, 2024
Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

Пронајдете не на следниве мрежи: