Според локалните медиуми, лошото време ги спречува спасувачките екипи да стигнат до местото каде што наводно се урнал хеликоптерот во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси!
Екипажот на хеликоптерот вклучен во инцидентот наводно успеал да повика помош пред падот. Локалните медиуми неофицијално јавуваат дека за време на повикот се слушнале врисоци и дека тој бил прекинат по само неколку секунди.
Во хеликоптерот бил и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Раиси лета со хеликоптер кој наводно се урнал во друштво на иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.
Раиси претходно учествуваше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.
Иранската делегација патувала со три хеликоптери. Другите два авиони со министрите пристигнаа безбедно на нивната дестинација.
Градот Варзакан, каде што се случи инцидентот, се наоѓа на 106 километри од Табриз и 600 километри од Техеран.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.