Денес во 13 часот пред македонското Собрание започна мирен протест на група граѓани организирани против загадениот воздух.
Тие, како што велат за “Независен весник“, се загрижени за состојбата на воздухот и со овој протест сакаат да го искажат своето незадоволство од загадениот воздух во земјава. Граѓаните кои се собраа на протестот носеа транспаренти – „Наместо велосипед , купивме инхалатор“, „Ставете налепници на тешката индустрија“…