Пред употреба ја обложувате ВЦ даската со тоалетна хартија? Правите огромна грешка – еве и зошто

Иако многумина од нас веројатно се трудат да ги избегнат посетите на јавни тоалети, понекогаш тоа едноставно е неизбежно.
Но, доколку сметате дека обложувањето на ВЦ даската со тоалетна хартија ќе ве заштити од бактерии и микроби, се лажете – на овој начин ризикувате уште поголемо изложување на зарази.
Претпоставката дека на овој начин всушност создавате бариера помеѓу кожата и големата количина на бактерии кои се таложат на ВЦ даската е всушност сосема погрешна.


Тоалетните даски се посебно дизајнирани да спречат таложење на микроорганизми, а нивната мазна површина им го отежнува “закачувањето” на неа. Меѓутоа, едно истражување на универзитетот во Аризона открило дека во просек ВЦ даските во јавните тоалети се всушност почисти од кујнските мијалници на поголемиот дел луѓе, како и даските за сечење и сунѓерот за миење садови.
Зошто тоалетната хартија не е паметен избор?
Ролните тоалет хартија обично имаат релјефна структура и се дизајнирани да впиваат, што ги прави совршена подлога за бактерии. Освен тоа, хартијата обично се наоѓа во близина на ВЦ шолјата, па кога ќе пуштите вода, милиони бактерии се лансираат во воздухот, а со тоа се закачуваат и на хартијата.
Препорака е подобро да носите влажни марамчиња со себе кои ќе ги употребите по нуждата, отколку да користите тоалетна хартија која сама по себе е легло на милиони микроорганизми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.