Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлог буџетот за 2025 година.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти.

Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска буџетот за следната година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компонента.

Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија, најави министерката.

Пронајдете не на следниве мрежи: