Појадокот е најважниот оброк во денот, но поради обврските, недостатокот на време и брзиот начин на живот, многу луѓе го прескокнуваат. Доколку немате идеја за нешто брзо а вкусно, можете да го погледнете Инстаграм профилот на Дајан Морисеј, која во кратки видеа приготвува едноставни рецепти за појадок и други оброци
На две парчиња тост направете вдлабнатини со лажица, а краевите премачкајте ги со путер. На секое парче тост ставете парче мисиркина шунка, а потоа додадете јајце, малку рендан кашкавал, сол и бибер. Наредете ги тостовите на хартија за печење и печете во рерна неколку минути, додека кашкавалот не се растопи и порумени. За само неколку минути имате вкусен и здрав појадок за да го стартувате денот.
На нејзиниот профил може да најдете бројни идеи за брзи оброци со многу едноставни состојки, кои се достапни за секого. Инаку, Дајан на оваа социјална мрежа има ја следат над милиони луѓе.