Предлог за ручек: Канелони со спанаќ и три вида сирење

Одличен предлог за ручек за кој не ви треба месо.

Состојки:

  • 200 гр канелони
  • 400 мл сос од домати
  • 500 гр спанаќ
  • 100 гр црвен кромид
  • 50 гр путер
  • сол, бибер и зачини по желба
  • 300 гр рикота
  • 200 гр моцарела
  • Пармезан за посипување

Подготовка:
На загреаниот путер пропржете го сечканиот кромид, посипете со зачини, додадете го исчистениот и измиен спанаќ, па малку промешајте. На крајот, измешајте ја рикотата.
Во огноотпорен сад ставете го доматниот сос, па во него потопете ги канелоните полнети со приготвениот фил, покријте со исечкана моцарела и посипете со пармезан.
Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.