Преживеаната во сообраќајката кај Ушче пуштена на домашно лекување

Мајката на три деца, која беше единствената преживеана во несреќата во Ушче кај Краљево кога се судрија автомобил и воено возило, по сопствена желба е пуштена на домашно лекување.

Зоран Мрвиќ, директорот на општата болница во Краљево за српските медиуми изјави дека таа имала изгореница на подлактицата и расекотина на главата.

Таа е пуштена на домашно лекување по нејзино барање. Да потсетиме дека вчера се случи страотна сообраќајна несреќа во Србија близу Ушче кога автомобил се судри со возило на српската војска, мајката, 32-годишната Мирјана беше единствената која ја преживеа несреќата.

На лице место загинаа нејзиниот сопруг и трите деца, на возраст од 10, 7 и една година, како и нивната сосетка.

Денеска за српските медиуми вели дека военото возило ја претекнало нивната кола форд фокус и преминало во нивната лента. Возачот на военото возило вчера беше уапсен како главен осомничен за сообраќајната несреќа.

Пронајдете не на следниве мрежи: