ПРЕКУ ПОЛА МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДЕТСКИОТ ЕВРОСОНГ

Со развиорени македонски знамиња,Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиотевросонг во Париз.

Минатиот викендGreen Forces се сретнаа со албанската претставничка на Детскиотевросонг, популарната Ана Ѓебреа. Во студиото на Македонската телевизија Ана пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговорија на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство,со наслов Stand by You (н.з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео постирано на социјалните мрежи,децата од „Дајте музика“му се заблагодарија на организаторот наДетскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ поставија прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори наскоро!

Музиката за „Green Forces“ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, аво продукцијана „Рифенштал“. Детскиотевросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 г. во Париз, Франција.

Линк до песната со која нашите претставници ќе настапат на Детскиот евросонг:

https://www.youtube.com/watch?v=OAiptSTIuWU

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.