Преку преговори со ЕУ до европски квалитет за живот



Време е за подобро и повеќе, за имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеењето, порача носителот на листата од Изборната единица 2 од СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Куманово.

Заедно со кандидатите за пратеници од Куманово, тој рече дека
државнички е утврдена визијата за иднината на државата, за што нема откажување. Фокусот, истакна, одново е ставен на граѓаните, а мерките и политиките се одговор на нивните потреби.

– Сите сме свесни дека вистински промени може да се случат само со влез во
европското семејство. Членството во ЕУ ни е потребно за да можеме побрзо и
поефикасно да ги исправиме системските грешки правени низ годините наназад и
да го подобриме квалитетот на животот, рече Спасовски.

Европските вредности, посочи тој,  ќе овозможат подобар животен стандард, инвестиции, инфраструктура, образование, здравство, социјална правда.

– Да изградиме вистински хумано општество за сите, како продолжение и надградба на воспоставениот концепт „Едно општество за сите”, рече Спасовски.

СДСМ, истакна тој, се залага за социјална правда, правичен систем.

– Нам секогаш ни биле важни луѓето, наспроти стиропорните фасади, споменици и обнова на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавме и со законското решение со кое во изминатиот мандат го решивме деценискиот проблем на стечајците. Ја исправивме долгогодишната неправда која им беше нанесена на овие наши сограѓани. Тие претходно со години се соочуваа со мачни постапки, поминаа вистинска голгота талкајќи низ улиците во потрага по своите прав, кажа Спасовски.

Потсети дека  13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација,
технолошки вишок,  добиле соодветене месечен надоместок,  право на материјално
обезбедување, во висина од 34 проценти од просечна плата по работник до пензионирање или до повторно вработување.

Спасовски кажа дека од 2017-та донесени се законски решенија за  сите граѓани, за достоинствен живот, системски решенија за проблемите на граѓаните, фер, праведно општество, грижа за стабилност и спокојство.

– Сосема свесни дека тоа не е доволно и дека нашите граѓани заслужуваат повеќе
нашиот план за развој на државата предвидува да ја донесеме Европа во
Македонија. Во текот на преговорите со Европската Унија неминовно ќе
спроведуваме реформи со кои ќе обезбедиме европски квалитет на живеење за
сите граѓани и достоинствени услови за живот на ранливите категории
Сега, кога исполнувањето на европскиот сон ни е на дофат на раката,
нема откажување од иднината, рече Спасовски.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: