Шведскиот филм „Надеж“ на режисерката Марија Содал, со легендарниот Стелан
Скарсгард и норвешката актерка Андреа Браин Ховиг, од денеска се прикажува во
Центарот за култура Битола (мала сала). Филмот ќе биде на репертоарот денеска, утре и
задутре од 20 часот.
Филмот кој беше дел од програмата на многу меѓународни фестивали, има освоено седум
награди, беше номиниран за најдобар европски филм, на Берлинале режисерката Содал
ја освои наградата Label Europa Cinemas.
43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство на биолошки деца и
посинок. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во
паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот модерен
живот се распаѓа и ја разоткрива нивната нарушена врска. Сама со своите тага и стравови,
Ања сфаќа дека ѝ е потребна целосна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната
единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако
нивните родители не можат заедно да ја преживеат бурата? Ања и Томас се приморани
да најдат решение за меѓусебна доверба, и на крајот заедничка борба, да се справат со
неочекуваната и прерана смрт. Со повторното запознавање еден со друг, тие несвесно
стануваат главни ликови во љубовната приказна каде конечно учат вистински да се сакаат
по долгиот заеднички живот
Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа, а дистрибуцијата е поддржана од МЕДИА
Креативна Европа.