Премиерот Заев ги откри двете опции за новото име на МАНУ

На вчерашната прес-конференција премиерот Зоран Заев изјави дека добро течат разговорите за преименувањето на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.
– Преименувањето ќе се случи, вели Заев, додавајќи дека МАНУ треба да одлучи дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.
Премиерот потенцираше дека многу е важно како е регистрарана Академијата секаде низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.
– Верувам дека работите се движат позитивино, меѓу другото изјави премиерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.