Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана. Во состав на владината делегацијата ќе биде и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, најави владината прес-служба.
На Самитот е најавено е присуство на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број лидери од земји учеснички на Самитот – Австрија, Хрватска, Грција, Унгарија, Холандија, Словенија, но и високи претставници на ЦЕФТА, ОЕЦД, РСС, Светска Банка, Европската банка за обнова и развој и Европска инвестициска Банка.
- Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг
- Амбиции на израелскиот премиер Нетанјаху: По Хамас, Хезболах и Сирија, на ред е Иран
- Турција доби изземање од американските санкции против руската Газпромбанк
- Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем
- ЈП за државни патишта за кренатите рампи на патарина Гостивар: Имаше дефект, решен е за неполн час!
Во рамки на Самитот ќе се одржат работни сесии на кои на највисоко ниво ќе се дискутира на теми поврзани со интегрирањето на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, како и поддршката на зелената и дигиталната транзиција во земјите од Западен Балкан. Се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.
На Самитот планирано е усвојување на повеќе документи и заклучоци, како и потпишување на Договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветерина
рните хирурзи, акушерките и фармацевтите од страна на лидерите на земјите од Западен Балкан, како продолжување на Договорот потпишан на минатогодишниот Самит на Берлински процес со кој се признаваат професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите.
За време на Самитот, според најавата, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари средби со канцеларот Шолц, со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо и со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Азија, Антонела Басани.
Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот – Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Хрватска, Италија, Словенија, Грција, Полска и Обединетото Кралство, заедно со шесте земји од Западен Балкан.
Пронајдете не на следниве мрежи: