ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ НА ДУШКО ТОШИЌ Сопругата го тера да го спасат бракот, а еве каде патуваат!

Хаосот што настана на Божиќ, кога Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ во полиција за насилство, полека стивнува. Пејачката која викендов настапува во Дубаи има желба со неа да замине во потоплите краишта и спортистот за да се обиде на патувањето да ја зачува брачната заедница. Ова за Курир.рс го потврдил нивниот заеднички пријател, кој инсистирал на анонимност.
– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот во ОАЕ и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но тој дефинитивно со децата заминува на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко.
Според него, засега нема ништо од разводот. – Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристапот од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена издржа многу на грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние, пријателите, сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – завршува нашиот соговорник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.