Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови, најпрво на југот, а попладне и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 4 до 8, а дневната од 19 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.