Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер. Утринската температура ќе се движи помеѓу 11 и 19, а дневната ќе достигне од 25 до 36 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 32 степена.