Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До вторник, како што соопшти УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.