Претреси во Скопје, приведени две лица, расчистени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“

На 02.07.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело кражба во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Истиот ден, со судска наредба, извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба. При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражба и тешка кражба, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.